На социјалните мрежи се критикуваат игротеки кои на своите Фејсбук страници објавуваат дека продолжуваат да работат нормално и дека сите закажани родендени ќе се организираат, но дека ќе вршеле позачестена дезинфекција.

Објавите се споделуваат на социјалните мрежи со остри критики од граѓаните, со оглед на тоа што во моментов е прекината наставата во сите сите училишта, факултети, а не работат ниту градинките, а по еден родител може да отсуствува од работа за деца до 10-годишна возраст. Министерот Филипче во повеќе наврати апелираше родителите да ги чуваат децата дома, и специфично нагласи забраната за настава да не се претвори во масовно одење по игротеки, бидејќи таму има близок контакт меѓу децата. Единствено рече дека може да се искористи времето за да се излезе надвор, но не на игралишта, односно да не се создаваат големи групи на деца.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде