Утрово министерот за здравство, Венко Филипче, сподели фотографија од лекарите од Институтот за јавно здравје и повторно ја потсети јавноста да се придржува до препораките.

-Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје, авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за коронавирус. Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде