Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, ја информирам јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата кои се препознаваат на видеото и истите се лишени од слобода за понатамошно постапување, објави министерот Чулев на фејсбук.

Според неговата објава станува збор за лицата С.А и П.Р.

За конкретниот настан и преземените мерки известено е основното јавно обвинителство.Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот, заклучува Чулев во својата објава.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде