Микаела Шифрин уште еднаш потврди дека е супериорна во слалом. Убедливо триумфираше на трката од Алпскиот светски скијачки куп во најтехничката дисциплина во Килингтон.

За неа ова е втора слаломска победа сезонава, а вкупно 62. триумф во кариерата и со него се израмнува со Анемари Мосер-Прел на четвртото место на вечната листа според бројот на успеси на трките од Светскиот куп. Пред неа се само Ингемар Стенмарк (86), Линѕи Вон (82) и Марсел Хиршер (67).

Доминацијата на Шифрин во слалом ја потврдува и разликата со која тримфираше пред второпалсираната Петра Влхова. Американката имаше за 2:29 секунди подобро време од втората најдобра зад неа. Швеѓанката, Ана Свен-Ларсон задоцни 2:27 секунди на третото место.

Со максимални 200 бода, Шифрин е водечка во поредокот за слалом. Во генералниот пласман со 340 бода исто така е лидерка пред Мишел Гисин и пред Петра Влхова.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде