Градоначалникот на Штип Благој Бочварски, денес на својот фб профил соопшти дека Општината обезбедила материјал за шиење на 20 илјади заштитни маски за граѓаните. Идејата на Општина Штип е овие маски да бидат поделени на оние кои најмногу им се потребни, односно на здравствените работници, полицијата, пензионерите и текстилните работници.

Веќе од утре текстилните работнички од неколку штипски текстилни компании меѓу кои „Вабо“ „Ларс“ и „ЕАМ“ започнуваат да шијат 6 илјади маски, а дополнително се разговара и со други текстилни фабрики за изработка на остатокот од маските.

Покрај ова, Бочварски извести дека остварил средба заедно со Претседателот на Советот на Општина Штип, Јане Миланов со советниците од Вмро-Дпмне, Иван Јорданов и Љубе Здравков, со цел да ги информира за одлуките и заклучоците на “Штабот за заштита и спасување на Општина Штип” и како што навестува како прв човек во градот и на овој кризен штаб изразува подоготвеност да биде во тесна комуникација со Советот и советничките групи од власта и од опозицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде