Пеесетгодишниот Бранко Маниќ ја усмртил 51-годишната Виолета Младеновиќ, па повикал полиција и ладнокрвно го признал убиството.

Бранко ја убил поранешната сопруга во дворот на нејзината куќа во Каравуково, после што повикал полиција и го признал злосторството.

Роднините на несреќната жена велат дека тој вчера чекал Виолета да излезе од куќата во дворот, а кога се појавила, испукал 7 куршуми со пиштол кон неа.

-Тие двајца се разведоа, а Виолета се врати во куќата на својата 85-годишна мајка Радмила. Вчера во околу шест часот утрината, таа излегла во двор по дрва. Не ни зачекорила, кога во неа, скриен во дворот, запукал Бранко. Кутриата веднаш паднала на бетон. Испукал вкупно седум куршуми во неа. Најлошо од се е што тој после испукани четири ѝ пришол и испукал во неа уште три куршуми – во стомакот, во срцето и главата, иако веќе била мртва. Сакал да се осигура дека ја убил – велат роднините на убиената Виолета за Курир.рс

Убиецот после злосторството отишол сто метри подалеку од домот на Виолета. Се сокрил кај вратата и од таму повикал полиција.

-Си ја убив жената, дојдете по мене – му рекол Бранко на полицискиот службеник.

Како што пишува Курир.рс, Бранко мирно ја дочекал патролата и го раскажал злосторството. Рекол дека после ноќна смена дошол до куќата на Виолета и  дека ја убил.

-Не се каа, тоа го планирав долго време. Не ми е жал што децата ги оставив без мајка. Единствена желба ми беше да ја убијам и тоа и го направив – рекол Маниќ пред полицајците.

Мртвата Виолета пред куќата ја нашол нејзиниот син, кој од ноќна смена дошол да ги посети мајка му и баба му. Тој наишол на морничавата глетка и доживеал нервен слом, рекле роднините. Виолета и Бранко биле во брак 27 години, но пред шест месеци се развеле. Имаат две деца и три внучиња. Меѓутоа, Бранко од почетокот на нивната врска психички и физички ја малтретирал Виолета. Се трпела поради децата, но сега одлучила да го напушти. Пред шест месеци и судски се развеле.

Роднините велат дека Маниќ е во лоши односи и со своите деца.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде