Екипата на Манчестер Јунајтед продолжува со очајната форма откако денес одигра само реми против Астон Вила од 2-2 и тоа на домашен терен.

Моментално „црвените ѓаволи“ по 14 одиграни кола во Премиер лигата имаат само 18 бода и се наоѓаат на 9. место на табелата.

Ваков ефект клубот за последен пат имаше пред 30 години, во далечната сезона 1988/89 година кога исто така тимот по 14 кола имаше 18 бода, а на крајот од сезоната заврши на 11. место.

Фановите на клубот со право се загрижени, а за разочараноста и да не збориме. Она што е страшно е тоа што клубот веќе неколку години бележи лоши резултати, а притоа наместо на подобро, работата е се полоша.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде