Оваа вест одекнал како бомба, а странските медиуми пишуваат дека актерите се нашле во Мексико за да посвојат дете.

Среде шпекулациите дека поранешните сопружници Бред Пит и Џенифер Анистон исклучително се зближиле, заборавајќи го нивното бурно минато, во странските медиуми се појавиле гласини дека односот меѓу нив двајца се развива во поразлична насока и дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

Се зборува дека Бред и Џенифер сакаат да посвојат дете во Мексико. Тие гласини одекнале во Холивуд како и дека тие двајца тајно посетиле некое сиропатилиште во Мексико каде што двајцата биле забележани на 1-ви јануари.

Џен отпатувала во Мексико со група блиски пријатели меѓу кои и продуцентот Вик Спек и комичарот Џими Кимел додека пак Бред отпатувал сам.

Се верува дека тој и Џен заедно отпатувале во Тихуана за да посетат сиропатилиште со име “Casa Hogar Sion” кое Џен приватно го поддржува веќе со години, а можеби и да посвојат дете.

Неколку денови по патувањето во Мексико, Џенифер и Бред се сретнале на доделувањето на нградите на Златен Глобус, каде што Пит доби награда за најдобра споредна улога во филмот на Квентин Тарантино.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде