Кампањата е инспирирана од легендарниот фустан на пејачката.

Кендал Џенер и Џенифер Лопез се заштитни лица за новата кампања на брендот Версаче.

Колекцијата е инспирирана од злениот џунгла принт, истиот оној кој Џенифер го носеше на фустанот на доделбата за Греми наградите во 2000 година.

Поради пребарувањето на овој фустан на интернет, Гугл беше приморан да измисли пребарување со фотографија.

„Горда сум што пребарувањето со фотографија на Гугл е измислено откако Џенифер го носеше тој фустан. Денес, славиме момент кој го овозможи оваа прекрасна жена“, рекла дизјанерката Донатела Версаче.

Новата кампања е инспирирана од иднината, а Кендал и Џеј Ло ги пишуваат своите имиња во холограмското пребарување.

Како што велат од Версаче, ова го претставува времето во кое живееме, а во кој нашиот имиџ се дефинира со тоа како се претставуваме на интернет.„Овој фустан навистина одбележа еден момент во мојата кариера. Сон ми беше повторно да соработувам со мојата пријателка Донатела, за да направиме нешто ново од тој историски момент“, рекла Џенифер во соопштението.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде