На 15 мај, Филипинскиот Конгрес официјално донесе Закон во кој се вели дека сите ученици од основно училиште, средно училиште и колеџ (приближно еквивалентно на основно училиште, средно училиште и универзитет) мора да засадат најмалку 10 дрвја за да го завршат училиштето или дипломираат, објави Си-Ен-Ен. Дрвјата можат да бидат засадени во шума,двор, урбани области, напуштени рудници или во друга територија, според Законот.

Според Си-Ен-Ен, дрвјата мора да бидат соодветни и за климата и за областа, а се претпочитаат домашните видови дрвја.

Законот е донесен во програмата за промовирање на „меѓу-генерациска одговорност“ за заштита на животната средина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде