Најмалку десет лица загинале, а голем број се повредени кога се срушиле трибини за време на прославата на православните христијани во Гондора во Етиопија.

До несреќа дошло во утринските часови кога повеќе од милион луѓе се собрале на стадионот на верска прослава која ја нарекуваат Тимкат.

Според изјавиле на лекарите повредени има повеќе од 150 лица, пренесува Би-Би-Си.

Инаку, УНЕСКО минатиот месец ја смести оваа прослава на листата на светско културно наследство и таа секоја година привлекува голем број на луѓе од Етиопија, но и од светот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде