Вчера во 17:00 часот на регионалниот пат Тетово – с.Пирок, кај с.Камењане, 14 – годишен малолетник од село Камењане, управувајќи патничко возило „рено клио“, со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ќ.О.(76) од село Камењане.

По незгодата пешакот бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Извршен бил увид на местото на незгодата од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде