Хуго Лара Аријас од Мексико го изгубил облогот, па морал да јаде две лути пиперки при што завршил во болницата.

Видеото го прикажува како јаде две пиперки, како една од најлутите видови во светот, а веднаш потоа почна да кашла и да се гуши, а лицето му станува црвено.

Девојките кои биле со него најпрво му се смееле, но кога сфатиле дека тој не е добро, веднаш повикале брза помош.

Хуго завршил во болница, неговата сестра по неколку часа објави дека е во ред.

„Хуго е стабилен. Не мислевме дека ова ќе биде надвор од контрола “, напиша таа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде