Американска компанија бара промотори кои ќе имаат добра плата.Компанијата „Хеви Хитерс“ од Калифорнија, која се занимава со производство на течности за електронски цигари, е во потрага по 20 промотори.

Оние луѓе кои ќе ја добијат работата ќе имаат задача да патуваат низ светот и да пушат марихуана.

Тие ќе треба да промовираат производи на компанијата на низа случувања низ светот и преку социјалните мрежи. Популарноста на „Инстаграм“ би можела да ви биде од помош.

„Пријавете се за да станете дел од тимот и да добиете можност да заработите плата за пушење трева, учество на најдобрите настани и да им помогнете на другите да дознаат за „Хеви Хитерс“. Бараме 20 најинтересни, страсни и дружељубиви „хеви хитерси“ – стои на страницата на компанијата.

Промоторите ќе добиваат месечна плата од 1.200 долари, а покрај тоа, секој месец ќе добиваат по 500 долари за производи на „Хеви Хитерс“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде