Од 72 активности предвидени со Стратегијата за реформи на администрацијата и Акцискиот план (2018-2022) за првата половина од годината, целосно се спроведени  27, во тек се 36, а девет активности не се почнати или доцнат – покажува Првиот  полугодишен извештај за спроведување на Стратегијата на Министерството за информатичко општество и администрација, кој денеска беше презентиран.

Од четирите приориотени области од Стратегијата, во делот „креирање политики и координација“ целосно се спроведени 12 активности, десет се во тек, а три активности биле целосно спроведени во приоритетната  област „ јавна служба и управување со човечки ресурси“.

– Во областа  „одговорност, отчетност и транспарентност“, целосно биле спроведени седум активности, три биле  во процес на спроведување, а една доцнела со реалзиација, додека во приоритето „давање услуги и ИКТ поддршка на администрацијата“ пет активности биле  цеосно спроведени, 23 биле во процес на спроевдување, а  осум доценеле во спроведување – информира Марија Николоска Арсовска од МИОА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде